Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов се враќа против Барселона, познати составите за вечерашниот дуел
Стоилов се враќа против Барселона, познати составите за вечерашниот дуел

Стоилов се враќа против Барселона, познати составите за вечерашниот дуел

Вардар вечерва од 17:45 часот ја пречекува  екипата на европскиот и шпанскиот шампионот Барселона. Дуелот за кој се очекува пеколна атмосфера во С.Ц Јане Сандански. Добри вести за шефот на стручниот штаб на црвено-црните тој може да смета на Илија Абутовиќ кој во првиот дуел не беше 100% фит. Особено радува веста дека Столе Стоилов се враќа и со тоа се засилува пикерското дуо Тоскиќ и Марсениќ со нашата икона. Стоилов ја надмина повредата која ја здоби во сеха-дуелот со српскиот Спартак Војпут. Веќе се познати составите на двата тима за вечер.

Вардар – Барселона

Вардар: Штербик, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Лазаров, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.

Барселона: Перес де Варгас, Оландер, Арино Бенгоечеа, Ентрериос, Гурбиндо, Жалуз, Јиха, Копљар, Лазаров, Морос, Нодезбо, Руезга, Сигурдсон, Сорендо, Сипжак, Томас.­