Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар загуби по подолга пауза
ФК Вардар загуби по подолга пауза

ФК Вардар загуби по подолга пауза

ФК Вардар капитулираше во Турново, првиот пораз на ФК Вардар оваа сезона. Денеска нашиот тим беше совладан од домашниот тим Хоризнот Турново со резултат 2:1
На денешниот дуел во Турново, шефот на стручниот штаб се одлучи за овие почетни 11-сетмина:
28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 14. Велковски, 16. Глигоров, 19. Хамбарџумјан, 22. Ивановски, 58. Цезар Ромеро, 70. Фелипе.
РЕЗЕРВИ: 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 10. Дашјан, 17. Стојков, 20. Николов, 21. Новак.
Натпреварот започна без возбудувања, првите 15-минти минаа со игра на средината на теренот. Првата посериозна шанса за гол кај вардарци ја имаше Ромеро, кој биеше силно, но противничкиот голман успеа да го скроти неговиот удар. Дејан Блажевски не искористи пенал во 38 минута, Блажевски ја зеде топката и биеше, но високо над голот останува 0:0. Со овој резултат се замина на пауза.

Студен туш за Вардарци, 50′ Сашко Пандев успеa да ја затресе мрежата на Пачовски за голема радост на домашниот тим 1:0. Потоа следување, целосна иницијатива на нашиот тим, најпрвин се обиде Фелипе но за малку не беше прецизен, потоа шансите за Вардар се редеа, но без гол. Во игра кај ФК Вардар во вториот дел влегоа: Артак Дашјан, на местото на Дарко Велковски и Ацо Стојков на местото на Ромеро. ГООООООЛ 1:1 џокерот на Вардар, Ацо Стојков погодува за 1:1 во 78 минута. Но, нерешениот резултат траеше кратко, Турновци повторно поведуваат со 2:1, стрелец на голот Најденов во 87 минута од натпреварот. Крај на натпреварот, за жал пораз на ФК Вардар од 2:1