Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Металург подобар од Вардар јуниор
Металург  подобар од Вардар јуниор

Металург подобар од Вардар јуниор

Поранешниот македонски шампион тимот на Металург беше подобар од младиот Вардар јуниор . Мечот заврши со резултат  27-18 за поискусниот суперлигаш. Дуелот се одигра вчера  претпладне во салата „Автокоманда“.

Оваа средба беше дел  од 10. коло од Супер лигата. Поведовме први со 0-2 но играчите предводени од хрватскиот стратег Лино Червар возвратија со серија 4-0 за резултат 4-2. Првиот дел целосно припадна на поискусниот противник кој мечот на полувреме го однесе со огромна предност од 8 гола односно 14-6. Во вториот дел заигравме многу подобро и резултатот во вторите 30 минути беше многу поповолен 13-12. Сепак предноста од првиот дел на домашните  не можеше да се загрози.

Нашите момци водени од Пепи Манасков кои настапија на овој дуел ги имаа овие постигнувања:Чаневски, Филиповски, Спасовски 1, Василевски, Недановски 2, Тренчевски 2, Чурлевски, Ангелов 1, Јовчевски 1, Андоновски 5, Симиќ, Ристов, Манасков 2, Поповски 2, Вујачиќ 2, Давитковски