Десети дуел помеѓу најголемиот шпански ракометен клуб Барселона и македонскиот ракометен бренд број еден Вардар. Салата преполна илјадници црвено-црни срца чукаа во исти ритам. Големата Барселона дојде во Скопје да помеди со помош на данскитее судии успеја да не победи со 25-27.
Вардарци тргнаа први во напад со голот на Душебаев поведуваме со 0-1. Следи цврста игра на двата тима во 4 минута е 2-2 по погодокот на Кире Лазаров. Потоа следат минути на црвено-црните правиме серија 4-0 за нашиот тим стрелаат Душебаев, Дибиров, Тоскиќ и Бримен за ерупција во салата 11 минута вардар води 6-2 со европскиот првак Барселона. Барселона погодува за 6-3 по цели 7 минути “пост“ за гостите. Следи игра гол-за гол резултаот во 17 минута е 10-6 за вардарци, а промашуваме и удар за 5 плус. Потоа следи катострофален пад во нашата игра Барселона прави серија од цели 1-6 до 25 минута и поведува со 11-12 првпат на мечот. Сепак ние се издигаме од безната и до крај правиме нова серија 4-0 за 15-12 резултат со кој се заминува на полувреме. По истекот на 30 минути останува да се изведе удар од 9 метри за гостите судиите го исклучуваат Македа по што настанува мешанца помеѓу играчите на обете тима која брзо се расчистува. Судиите со негодување од публиката заминуваат со силно обезбедување кон излезот. Најистакнат кај нас е Штербик со 7 одбрани во првиот дел од кој еден удар од 7 метра на Кире Лазаров.
Вториот дел користејќи ја бројчаната преднос европскиот шампион Барселона со два гола брзо намалува на 15-14 по само 2 минути игра без Македа. Губиме топка во напад, но Штербик не вади што е крунисано во полу-контра од Карачиќ за 16-14. Јане Сандански е во транс ечи песна за Вардар , Комити одлични грмат на својата трибина. Погодуваат гостите за 16-15 по што следи 2 минути суспензија за нивниот играч. Вардар делумно ја користи зголемува на 17-15 , но промашува Марсениќ удар за 3 плус во 37 минута. Штербик кај нас фантастичен, тоа во напад го наградува Горбок со погодок за 18-15 во 39 минута. Барселона враќа со своја мини серија 1-3 и во 12 минута доаѓа на гол негатива 19-18. Судиите од Данска денска имаат лоша арбитража покрај многу одлуки дотогаш во 40 минута поништуваат гол на Дибиров поради наводен престап. шансата за изедначување гостите не ја користат бидејќи ние го имаме Феноменалниот Штербик кој брани фантастично, што Горбок повторно го крунисува во нападот што следеше за 20-18 во 44 минута. Во следните 3 минути по два гола на двете страни во 47 минута на семафорот стои 22-20, а Македа повторно е исклучен од денес контоверзните судии од Данска Хансен и Гединг. Лакрдијата продолжува на судиите со сите сила се помага европскиот шампион со нејасни одлуки за исклучување, удари од 7 метра и.т.н салата негодува бурно. Но Арпад повторно брани пенал на К.Лазаров грми Јане; Ајде , Ајде вардаре 49 минута 23-21. Барселона се враќа со 1-3 на реми во 24 минута со голот на Гонзалез во 25 минута од мечот. По 3 наши грешки во напад Барселона поведува 24-27 на 3 минути до крајот на мечот. Тимир Дибиров брзо враќа со гол за 25-27 и надеж на црвено-црните. До крајот без погодоци на двете страни 25-27 е крајниот резултат.
Најдобри поединци кај нас беа : Штербик со 12 одбрани, Горбок 5 гола , Шишкарев 3, Карачиќ 3.