Кадетите на ракометниот клуб Вардар во денес го играат завршниот турнир на најдобрите четири екипи, чиј домаќин ќе биде салата Автокоманда и екипата на Металург. Црвено-црните во својата група завршија на второто место, кое беше доволно да обезбедат пласман во полуфиналето и да ја имаат можноста да се борат за трофејот во лигата. Прва пречка за остварување на целта беше екипата на ХЈС Работник, која заврши како првопласирана во групата 1. Лавовоите на Слободан Чивлачки во неверојатно темпераментен дуел со многу цврста играа успеаа да се пласираат во финалето за титула во кое ги чека Металург вечерва во 19-00 часот. Главен “виновник“ кај насс за овој триумф беше голманот Кизиќ кој беше фантастичен денес.
Први со гол мечот го отворија црвено-црните, по што во следниот напад екипата на РК ХЈС веднаш изедначи. Мечот почна борбено со желба на двете екипи за триумф и пласман понатака. По пет минути игра резулатот беше симетричен 2-2. Се играше игра гол за гол во продолжение на средината од првиот дел резулатото беше 7-7. По што битолчани се одлепија со серија 0-3 на 7-10. Во вториот дел од првото полувреме продолжи борбената игра на црвено-црните најистакнат поединец беше голманот Кизиќ Марко кој бранеше брилијантно и ја враќаше екипата во игра по секоја промашена акција во нападот. Во последната минута се врезе со резулат 10-10 од како ние вративме со три последователни гола, а не примивме ниеден највеќе благодарение на одличниот Кизиќ, но и на компактната одбрана. Со гол во финишот на одмор заминавме со предност од 11-10.
Вториот дел го почнавме со погодок и првпат денес имавме плус два во дуелот, 12-10 беше во 32 минута. Повторно игра гол за гол на средината од вториот дел по четири гола во двете мрежи постигнаа тимовите и резулатиот на семафоорот во салатата Автокоманда беше 16-14. Биточани по една минута одмор повикана од нивната клупа се вратија со 0-2 и изедначија на 16-16. Повторно кај нас на сцена стапи Кизиќ со серија неверојатни одбрани , до крајот постигнавме четири погодоци а примицме два што донесе победа. Крајниот резулат од овој полуфинален дуел беше 20-18 за кадетите на РК Вардар Јуниор.
Најдобар поединец беше Карапалевски Мартин со 8 погодоци, Ќосевски Aлен имаше 5 гола, Антевски Благоја стрелаше 4 пати успешно, листата на стрелци кај нас се затвара со Атанасовски Тони кој погоди 3 пати на овој дуел. Сепак не треба да се заборават и двоцифрениот број одбрани на Марко Кизиќ кој беше “ѕвезда водилка“ на избраниците на Слободан Чивлачки.