Фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2004“ година го повтори вчерашното убедливо издание од “Јуниор“ лигата и на денешните мечеви во детската лига. Нашите млади надежи во денешното коло забележаа две убедливи победи, против екипите на Ново Лисиче и Куманово.
Најпрво на теренот излегоа екипите на ФК Вардар (1) и Ново Лисиче. Овој натпревар убедливо им припадна на црвено-црните, со конечен резултат од 12:0. Самиот резултат говори за одразот на силите на теренот и за супериорноста на Вардарци.Голеадата на овој меч ја отвори Огнен Здравковски за водство од 1:0, во истава акција најпрво биеше Георг Стојановски, голманот одбрани, но топката стигна до Здравковски кој прецизно стрелаше. Вториот погодок на овој дуел повторно беше дело на Здравковски, овој пат тргна акција од десната страна нафрлена топка на која наиде Здравковски и ја смести во голот на Н.Лисиче. Избраниците на Филип Арсовски играа фуриозно, не дозволувајќи на противникот ниту да ја помине својата половина. Таквата игра само им носеше погодоци на Вардар, а следниот кој погоди беше Горазд Попов, за водство од 3:0. На четвртиот погодок не се чекаше многу време, откако Георг Стојановски со својот прв гол на овој дуел зголеми на 4:0. Втор гол за Горазд Попов на овој натпревар, за веќе убедливи 5:0. Во нова прилика за гол се најде Здравковски, кој проигра со Стојановски, но шутираше само покрај противничкиот гол. Во следните две акции во шанси се најде Сандро Каровски, кој како да не го сакаше топката на овој натпревар. Овој играч имаше две добри прилики, но не успеа да погодо. Хет-трик за Огнен Здравковски, акција повлече Горазд Попов кој додаде до Огнен, овој не греши за веќе убелдиви 6:0. Интересно во првиот дел имаше два пенали за Вардар и двата ги шутираше голманот Стефан Тасев, кој биеше на идентично место во пречката од голот на Н.Лисиче. До крајот на првиот дел уште еден погодок во противничката мрежа, за водство од 7:0.
Вториот дел започна со шанса за Никола Анчевски, кој се ослободи од еден играч и упати удар, но противничкиот голман не дозволи нов погодок во неговата мрежа. На стартот на вториот дел прва голема прилика и за Н. Лисиче да постигне почесен гол, еден од нивните играчи сам изби со Тасев, но нашиот голман одбрани. Добра прилика за гол имаше и Георг Стојановски со глава, топка му нафрли Анчевски. До крајот на натпреварот беа постигнати уште пет голови во мрежата на Н. Лисиче. Следните два погодоци беа дело на Георг Стојановски, за предност од 9:0. Последните три гола за црвено-црните редоследно ги постигнаа Марио Ричков, Игор Јанески и Горазд Попов, за конечен резултат од 12:0.
Победа и за ФК Вардар (2) во дуелот со екипата на Куманово. Прва шанса на овој меч имаше Димитар Стоимов, неговиот удар го брани противничкиот голман. Вардар успева да поведе со голот на Теодор Перковски, од корнер, најдобро се снајде Перковски кој биеше со глава. Следните две прилики за погодок беа за екипата на Куманово, после невнимание во нашата одбрана, но резултатот остана непроменет. Црвено-црните во следниот период успеваат да поведат со 2:0, со гол на Димитар Стоимов со удар од пенал. Нововлезениот Исмет Хајдари се обиде со удар да го совлада голманот на Куманово. Марио Сурлов ја погодува пречката од противничкиот гол. До крјаот на првиот дел, уште еден гол за Вардар и тоа евро гол на Стоимов за водство од 3:0, што беше конечен резултат по првиот дел.
Нашите млади надежи имаа доминација и во второто полувреме, а во главна улога беше Марио Сурлов, кој постигна два одлични гола. Најпрво погоди за водство од 4:0, додека во следните минути Куманово успеа да стиге до почесен погодок за намалување на 4:1. До крајот на натпреварот уште еднаш и тоа од идентично место, Марио Сурлов погодува за конечни 5:1.