Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го направи клучниот исчекор до титулата, Шкендија замина поразена од Скопје
Вардар го направи клучниот исчекор до титулата, Шкендија замина поразена од Скопје

Вардар го направи клучниот исчекор до титулата, Шкендија замина поразена од Скопје

Денес на националната арена “Филип Втори“ се одигра дербито на првата лига во кое Вардар во пресудниот меч ја пречека Шкендија. Вардар однесе победа со гол во првиот дел преку Асани на овој клучен дуел.  Седлоски мечот го почна со : 28. Пачовски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 11. Асани, 16. Глигоров, 17. Стојков, 19. Хамбарџумјан, 21. Новак, 70. Фелипе, 99. Којашевиќ

Вардар тргна во атак веќе по првата судиска свирка на Мечкаровски, со цел рано да поведе на овој важен меч за титулата во македонското фудбалско првенство. Првата шанса дојде веќе во 3 минута со глава шутна Хамбарџумјан, но поранешниот вардаров голман кој сега ги брани боите на тетовските црвено-црни Захов одбрани. Захов одлично брани и во 6 минута кога по центаршут со боксување ја симнува топката од главата на нашите играчи, но во третиот предизвик за него денес тој капитулираше. Се играше 9 минута по одлична комбинација на нападот на скопските црвено-црни Асани погодува за 1-0 и голема радост на стадионот. Шкендија во продолжението се обиде со удар од далечина, но Пачовски кој по два меча пауза е на вардаровиот гол лесно прифаќа.  Фелипе во соло продор имаше убава шанса во 27 минута, која одбраната на тетовчани ја исфрли во трета корна за нас. Во 32 минута од десниот раб на шеснаестерникот се обиде Јасир Асани со удар по земја, топката мина крај десниот директ на Захов. Во 34 минута бразилецот во составот на Шкендија Нилдо кој во 20 минута го замени Неџипи се обиде со удат од 25-30 метра топката беше лесен плен за искусниот вардаров голман Пачовски. Вардар има посед и атакува кон голот на тетовчани во продолжение.

Во вториот дел тргнавме офанзивно, имавме шанса по центаршут од десно кој го испрати Којашевиќ , но топката не ја закачи ниеден наш играч и таа отиде во голаут. Во 50 минута Шкендија се обиде од слободен удар од над 25 метра, шутна Ибраими чив удар заврши над гредата. Пачовски со одлична парада во 54 минута по ударот на Јуниор ја спасува нашата мрежа, и го зачувува водството што гарантира триумф и чекор поблизу до одбраната на титулата. Седловски во 55 минута го вади стрелецот на голот Асани и во игра го внесува нашата “87-ка“ Гроздановски. Пачовски е херој на вториот дел па и на мечот тој во 58 минута повторно е најприсебен и не држи во игра.  Во 59 минута Гроздановски беше “краток“ и за малку не зафати една топка на 3-4 метра од голот. Темпото се засилува тетовчани се обидуваат во 60 минута преку Јуниор, но вардаровиот голман е на висината на задачата, а пак Гроздановски во 61 минута не успева да погоди еден играч од противничката одбрана умешно го изблокира неговиот удар. Стојков ја напушти играта во 62 минута, неговото место го зазема Дашјан. Спировски се обиде од 45-50 метра со луциден удар кој заврши малку над гредата во 65 минута. Вардар силно атакува во 66 минута Грчаров спушта со глава до Дашјан кој бие во Захов. Алими шутна опасно од слободен удар во 68 минута, топката закачи некој во ѕидот и заврши во корнер за тетовчани. Хоф го испроба својот удар во 70 минута од дистанца над 25 метра од лево топката заврши над гредата.  По асистенција на Спировски во 76 минута Којашевиќ одлично шутира, но крај левиот директ минува топката. Пачовски прави чуда брани и во 80 минута една тешка топка по земја која дојде до Попов, а тој ја исфрла во аут. Како се доближува финишот тетовчани се обидуваат да ја преземат инцијативата и да спасат што може да се спаси од мечов и сезонава. Љамчевски во 84 минута го заменува Којашевиќ, Седлоски дефинитивно сака да освежи во составот пред последните налети на тетовчани. Љамчевски веќе во првиот допир дава одлична асистенција до Гроздановски , но одбраната на Шкендија ја остраннува опасноста. Mинутите споро минуваат за нас очекуваме последен свиреж во финишот, покажани се 4 минути продолжение по нивниот крај лудуваа Скопје… мириса на ТИТУЛАААА