Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар со победа го стартуваа плејофот во лигата
Младинките на ЖРК Вардар со победа го стартуваа плејофот во лигата

Младинките на ЖРК Вардар со победа го стартуваа плејофот во лигата

Младинките на ракометниот клуб Вардар со победа го започнаа плејофот во младинската лига. Во спортскиот ракометен центар Кале, избраничките на Билјана Пецевска беа подобри од екипата на Ѓорче. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 28:23.

Само еднаш екипата на Ѓорче успеа да го израмни резултатот на 1:1, без можност ниту во еден момент да има водство. Вардарки започнаа фуриозно со серија на голови, што им донесе предност од 7:1. На вториот погодок, противничката екипа чекаше цели 11 минути, кога успеа да го пронајде патот кон мрежата на и денес одличната Јована Мицевска. Тина Тодорвска и Анастасија Николовска постигнуваат голови, за убедливи 9:2, што беше и највисока стекната предност за Вардар на овој натпревар. Неколкуте исклучувања во нашиот состав им овозможија на Ѓорче да воспостостават некаква резултатска рамнотежа и да намалат на 10:6 во 19 минута од натпреварот. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол на двете страни, па на полувреме се замина со наше водство од 14:10.

Вториот дел започна со одбрана на Мицевска, што му овозможи на својот тим прв да погоди и да поведе со 15:10. Гостинската екипа пружаше силен отпор, но квалитетот беше на страната на Вардарки, кои кога беше потрено го засилуваа темпото на игра. Костадиновска со голови од пикерската позиција, донесува повторно високо водство за Вардар од 18:12. Сепак Ѓорче не се предаваше така лесно и не дозволуваше пред време да биде решен победникот. Во 40 минута од мечот, успеваат повторно да намалат на четири голови негатива. Сепак црвено-црните успеваа со головите на Стојмановска и Николовска да ја одржуваат предноста. Најкритичен период во нашата игра беше кога во 53 минута, Ѓорче се доближи на само два гола негатива (23:21). Во следните две минути Вардар постигнува два гола во серија и му даде до знање на Ѓорче дека бодовите че останат на Кале. Печат на победата стави Анастасија Николовска, која погоди за 27:22 на две минути пред крај на мечот. До крајот по уште еден гол на двете страни, за конечни 28:23.

Најефикасна беше Анастасија Николовска со 6, додека Ива Божиноска постигна 5 гола.

Во плејофот четири екипи ќе играат секој со секоко, на домашен и гостински терен. Екипата која ќе има највеќе бодови на крајот ќе стане младински шампион на Македонија.