Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ со 13 голови во противничката мрежа го одбележа денешното коло во детската лига
ФК Вардар генер. “2003“ со 13 голови во противничката мрежа го одбележа денешното коло во детската лига

ФК Вардар генер. “2003“ со 13 голови во противничката мрежа го одбележа денешното коло во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одиграа натпревари, за генерации родени “2002; “2003“ и “2004“ година. Вардаровите надежи родени 2003 година за противник ја имаа екипата на Тефејуз, која убедливо ја совладаа со резултат 13;0.

Самиот резултат говори за каков натпревар се играше денес. Избраниците на Ане Андовски без поголеми проблеми го добија денешниот противник, иако и дури кога имаа убедливо водство не запраа со своите напади и офанзивна игра, која им донесе резултат уште по првото полувреме. Голеадата на овој меч со два погодоци ја отвори Андреј Стојчевски за предност од 2:0. Продолжи Александро Прелоговски за нов гол и водство од 3:0, додека првото полувреме со гол го заврши Влатко Стојановски. Така на одмор се замина со водство од 4:0 за Вардарци.

Во второто полувреме уште поголема доминација на теренот од страна на нашите млади надежи, кои до врв ја наполнија мрежата на противникот. Прв кој погоди во вториот дел беше Марио Петрушевски за веќе резултат 5:0. Влатко Стојановски денес одигра одличен меч и со неговиот втор погодок успеавме да поведеме со 6:0. Тука не заправме и продолживме со атак на противничкиот гол, за нов погодок и резултат 7:0, со голот на Горазд Јордановски. До крајот на мечот беа постигнати уште шест погодоци кои беа дело на : Влатко Стојановски, Благоја Јаневски, Горазд Јордановски, повторно Благоја Јаневски и тоа со два гола и за конечни 13:0 дело на Марио Петрушевски.