Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Да се знае кој е газда во ПМФЛ, браво Вардаре
Да се знае кој е газда во ПМФЛ, браво Вардаре

Да се знае кој е газда во ПМФЛ, браво Вардаре

Нашиот ФК Вардар одигра одличен натпревар и го доби денешното дерби против тетовска Шкендија, кое значи само еден чекор до титулата број десет во ПМФЛ. Вардар уште во 9 минута го отвори резултатот со голот на Јасир Асани се до крајот на првиот дел Вардар ја диктираше играта, одигра сигурно на средината на теренот, а шансите се редеа, можеби Вардарци има за што да жалат, бидејќи во првиот дел имаа уште неколку одлични прилики за дуплирање на предноста. Во вториот дел го сочувавме водството, но мора да се признае дека Пачовски со неколку одлични одбрани спречи изедначување. На крајот нашите момци се радуваа на големи три бода кој би требало да значат и титула.

Е сега, ни преостануваат уште три кола до крајот на првенството. Играме гостинска средба против Силекс, на којa со победа ќе го ставиме шампањското на ладење, потоа ни следуваат два домашни меча против Слога и Работнички на кои треба да уживаме во новата, вкупно десетта титула.

Уште една честитки до нашите играчи и стручниот штаб за денешната голема победа, и големите три бода!