Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар со гостинска победа кај Бутел
Кадетите на РК Вардар со гостинска победа кај Бутел

Кадетите на РК Вардар со гостинска победа кај Бутел

Кадетите на РК Вардар 1961 гостуваа кај тимот на PK Бутел во рамки на дуел до Групата-А, момците на Зоран Петковски-Зенга успеаа да дојдат  минимална и до важна победа. Остваривме триумф со резултат 31-32 на оваа средба.

.

Започна дуелот со дури шест резултатски симетрии на семафорот во салата „Антон Димитров“ беше 1-1, 2-2…6-6. Потоа прв пат еден тим се одлепи тоа бевме ние, со мини серија 1-4 поведовме со три плус при резултат 7-10 за црвено-црните надежи. Одлично го одигравме и делот потоа, од минута во минута се одлепуавме полека, но константно па на одмор заминавме со комотни шест гола повеќе.
Вториод дел го започнавме со предност од првиот кога беше за нас 13-19.  Противникот успеа да направи играчка рамнотежа, полека намалуваше постепено дел од нашата предност во текот на вториот дел, па така пред крајот дојдовме на само гол позитива за нас, 29-30. Успеавме да ја зачуваме минималната предност и победивме со резултат 31-32.

Кај нас прв стрелец беше Томислав Стаменков со 13.гола во мрежата на бутелчани,  втор стрелец со 6.погодока беше Петар Илиевски, а  Матеј Тевдовски имаше 5.успешни затресување на мрежата на ривалот на оваа средба.