Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во 95-та минута даде гол за ерупција од воодушевувања во Кичево
Вардар во 95-та минута даде гол за ерупција од воодушевувања во Кичево

Вардар во 95-та минута даде гол за ерупција од воодушевувања во Кичево

Вардаровиот центарфор Владимир Жоглев повторно е јунак на најтрофејниот македонски клуб Вардар, откако со неговиот гол во 95-та минута, црвено-црните ја победија Локомотива Печхечво со 2-1 и ја продолжија победничката низа на пет триумфи во серија.

Жоглев веќе пролетва беше еднаш јунак за тешка победа со гол во 94-та минута во Охрид на незгодното гостување кај „рибарите“, а и сега повторно е херој за нова победа и нов чекор кон остварување на целта, враќање во Првата лига, со погодокот во петтата минута од судиското надополнување.

Вардарци поведоа во првиот дел пореку Дејан Цветаноски, а Локомотива која поради скандалот со тепањето на тренерите на Беласица беше казнета да игра 100 километри надвор од Скопје подоцна израмни, па цардаровиот центарфор на крај сѐ реши.

Со триумфот Вардар дојде до 52 бода, ја задржа предноста од плус четири пред Гостивар кој сега е втор, но дербито на ова коло се игра во среда во Охрид, каде Воска и Пелистер ќе се судрат. Воска има 47 бода, а Пелистер е четврти со 43.

Три од четирите други мечеви денеска завршија без победник, меѓу нив и дербито на давениците Каменица Саса – Тетекс.

ВТОРА ЛИГА, 21 КОЛО

Локомотива Пехчево – Вардар 1-2

Борец – Арсими 2-4

Караорман – Кожув 0-0

Каменица Саса – Тетекс 0-0

Детонит Плачковица – Охрид 1-1

ВЧЕРА

Гостивар – Слога Виница 5-0

Беса – Беласица 3-0

ВО СРЕДА

Воска Спорт – Пелистер

ТАБЕЛА: Вардар 52, Гостивар 48, Воска Спорт 47, Пелистер 43, Детонит П. 37, Беласица 32, Беса 30, Охрид 30, Арсими 27, Караорман 27, Кожув 23, Локомотива П. 20, Каменица Саса 17, Тетекс 15, Слога В. 13, Борец 2.

 Извор: sport1.mk