Македонската кадетска ракометна репрезентација не успеа да се пласира во финалето на турнирот „Ракометот е мојата иднина. Избраниците на Брестовац во полуфиналето беа поразени минимално од селекцијата на Словенија (26:25).
Словенците имаа предност во најголем дел од мечот, истата не беше повеќе од два гола, во првите 20 минути од натпреварот. Сепак во последните десет минути од првото полувреме, Словенија со серија од неколку погодоци успеа на полувреме да замине со високо водство од 13:20.
Македонија долго време ја бараше својата игра, сепак противникот и во вториот дел ја зголемуваше предноста, која во еден момент достигна и двоцифрена разлика од 24:14. Селекторот Брестовац се реши за голманска замена, па на голот застана Андреј Петковски кој доаѓа од Вардар Јуниор. Од тој момент започна големата серија на Македонија, која полека но сигурно ја топешена негативата, благодарение на голманот Петковски кој во вториот дел имаше дури 10 успешни интервенции.
Словенија последниот гол го постигна во 46 минута кога резултатот на семафорот гласеше 26:19. Македонија успеа да се врати, направи и серија од 6:0, имавме и три напади за израмнување но сепак не успеавме да ја искористиме добрата партија на голманот Петковски, кој беше најзаслужен што нашата селекција се врати во игра, дури и за победа, сепак Словенија на крајот славеше победа со резултат 26:25.
Во борбата за третото место не очекува дуел со Германија, која во полуфиналето беше изненадена од селекцијата на Полска.Погледнете ги последните пет минути од мечот меѓу Македонија и Словенија.