Кадетскиот тим на РК Вардар, ќе го одигра својот прв контролен дуел во овие зимски подготовки и воопшто прв во 2022 година. Момците на Пепи Манасков ќе бидат домаќини на прволигашот, сениорскиот тим на РК Работнички од Скопје.
Дуелот е закажан за денес (3.февруари) со почеток во 13 часот и 30 минути, истиот ќе се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје