Долга и напорна сезона имаше кадетската екипа на Рк Вардар. Овие момчиња завршија како втори во првенството, веднаш зад нивниот ривал екипата на Металург. Двете екипи забележаа по една победа во меѓусебните дуели и тоа на гостински терен. Но поради подобриот меѓусебен дуел, тимот од Автокоманда стана првак на Македонија. Во преостанатите мечеви, црвено-црните забележуваа лесни и убедливи победи. Ви ги презентираме сите нивни резултати во лигата:
1 коло: Вардар-Металург 18:23
2 коло: Зомимак-Вардар 16:37
3 коло: Вардар-Јуниор 46:19
4 коло: Вардар-Гого 45:11
5 коло: Бутел 2014-Вардар 09:37
6 коло: Вардар-Струга 30:23
7 коло: Металург-Вардар 18:21
8 коло: Вардар-Зомимак 44:15
9 коло: Јуниор-Вардар 23:48
10 коло: Гого-Вардар 23:41
11 коло: Вардар-Бутел 50:13
12 коло: Струга-Вардар 27:41
На паузата после првиот дел од сезоната, кон крајот на декември минатата година, кадетите учествуваа на силен меѓународен турнир во Белград. Во конкуренција од 16 екипи, нашите надежи го освоија одличното трето место. Првиот турнир организиран од ракометниот клуб Вардар, беше одлична можност за подготовка пред стартот на вториот дел од сезоната. Избраниците на Зоран Петковски забележаа четири убедливи победи на турнирот “Еден живот, една љубов“ и станаа освојувачи на истиот. Во финалето беа подобри од екипата на Хјс Работник.
Една недела после завршување на националното првенство, оваа генерација отпатува на исто така силен турнир во БиХ. Немаше екипа која можеше да им се спротистави на Меѓународниот турнир- “Завидовиќи 2015“. Црвено-црните се прикажаа во најдобро светло за клубот и Македонскиот ракомет, освојувајќи го убедливо првото место. Тука беа остварени пет победи со екипи од различни Балкански земји. Еден наш играч беше прогласен и за МВП на турнирот, Алија Амзоски го понесе ова големо признание.
Успешната и квалитетна работа на популарниот “Зенга“ на крајот исплива на површина, да не беше оној прв воведен дуел во лигата против Металург, оваа сезона ќе беше големо достигнување за екипата. За момците следува заслужен одмор за собирање на сили, за новата натпреварувачка сезона.