Помладите пионери на Фк Вардар денес одиграа пријателски натпревар, на кој забележаа победа. Совладана беше екипата на Форца со резултат 3:0. Мечот се одигра на теренот на Локомотива, по 30 минути едно полувреме. Марко Ѓоргиевски повторно не пропушти да се запише во листата на стрелци, а два погодоци даде и Виктор Пешевски.
Ова беше последен меч за оваа генерација, која од денес заминува на заслужен одмор. Да потсетиме дека помладите пионери станаа вицешампиони на Македонија, каде за само еден бод останаа зад првопласираниот Шкупи. Сепак го освоија националниот куп, откако после изведување на пенали беа подобри од екипата на Шкендија. Собирот започнува на 15-ти јули , дополнително ќе биде дали екипата ќе замине некаде на подготовки.