Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Незаборавна сезона за Марко Ѓоргиевски, успеа да постигне неверојатни 37 погодоци
Незаборавна сезона за Марко Ѓоргиевски, успеа да постигне неверојатни 37 погодоци

Незаборавна сезона за Марко Ѓоргиевски, успеа да постигне неверојатни 37 погодоци

Златната “деветка“ на помладите пионери на Фк Вардар Марко Ѓоргиевски е личноста број еден оваа сезона во сите младински категории, од сите клубови кои се натпреваруваа во двете конкуренции. Марко е број еден стрелец, зад неговото име на крај ќе бидат запишани неверојатни вкупно 37 погодоци. Ова е бројка со која ретко кој може да се пофали оваа сезона во домашни рамки и во сите генерации, кои играа во лигата и купот на Македонија. Во првиот дел од сезоната имаше вкупно 14 голови, на кои додаде уште плус 23 во пролетниот дел во двете натпреварувања. Ова момче беше најзаслужно за освоениот куп, и за вицешампионското место за својата екипа.

Ова е негова втора година во Вардар, претходната сезона со својот тим го освои првото место на завршниот турнир во детската лига. Има настапувано за Фк Амаре, Фк Драчево и ССК. Се работи за голема надеж за која допрва светскиот фудбал треба да слушне и да го забележи.