Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар ќе има заеднички подготовки со екипите на Оденсе и Флери
ЖРК Вардар ќе има заеднички подготовки со  екипите на Оденсе и  Флери

ЖРК Вардар ќе има заеднички подготовки со екипите на Оденсе и Флери

Одморот за нашите црвено- црни девојки завршува на 27 Јули од кога почнуваат подготовките . Раководството и стручниот штаб имаат зацртано и договорено богата програма на подготовки од турнири, средби , и заеднички подготовки со други женски ракометни колективи .Стандардно првата недела ќе има кондициски подготовки, од 4 август македонските шампионки ќе имаат гостин, екипата на Оденсе од Данска, кој ќе биде спаринг партнер.

Заедничката работа во Скопје ќе трае шест дена, а потоа нашите девојки ќе ја почнат наредната фаза од подготовките. На 10 август патуваме за Флери, каде што ќе имаме подготвителен камп заедно со истоимената екипа, а ќе одиграме и неколку подготвителни мечеви и со Флери и со Париз.По десетдневните подготовки во Франција,како што вчера ве известивме  на 20 август Вардар ќе замине за Букурешт, каде ќе го одигра првиот официјален подготвителен турнир пред новата сезона . Ова е распоредот на активностите за почетокот на подготовките за новата сезоната на нашите  девојки :

27 јули – почеток на подготовки

4-9 август – подготовки со Оденсе во Скопје

10-19 август – подготовки во Флери, Франција