Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа и до третата последователна победа во рамките на лигата, откако попладнево во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Аеродром со резултат 29:28.
Ова беше реприза на финалето од минатата сезона во пионерската лига, кај оваа возрасна генерација, ракометари родени 2002/03 година. Повторно поуспешна беше екипата на Вардар, која славеше со резултат 29:28.
Понеизвесен натпревар сигурно немам гледано, од овој денес. Во текот на целиот меч, само еднаш, Вардар успеа да стигне до предност од два гола разлика, што говори за тоа каков израмнет дуел гледавме. Се играше гол за гол и ниту една од екипите, ниту во еден момент не успеаа да се одлепат на поголема разлика од деден гол, освоен наведениот момент, кога црвено-црните имаа предност од 19:17. Во првото полувреме имаше дуеи 11 израмнувања, за резултатот по истекот на првите 30 минути да гласи 11:11.
Во вториот дел, дури во 14 наврати ниту една од екипите немаа предност, односно резултатот на семафорот беше израмнет. Кога Вардар поведе со 19:17 и кога можевме да се одлепиме, противникот врати со серија од два погодоци и го израмни резултатот. Потоа гледавме игра гол за гол, во која на крајот подобро се снајдоа црвено-црните, кои слават со резултат 29:28. Откако резултатот беше израмнет на 28:28, Вардар имаше последен напад, во кој успеавме да изнудиме седмерец. Успешно реализира Давид Мирчевски кој беше и негов единствен гол на натпреварот, за голема радост на Вардар и победа со резултат 29:28.
Најефикасен кај Вардар беше Бојан Чакалиќ со 9 голови.
Вардар: Стојкоски, Мишевски 1, Чакалиќ 9, Павловски 2, Трајановски, Димитриевски 5, Чорогунов, Србиновски, Грујовски, Трајчевски, Саврески 6, А. Пешевски, Димчевски 1, Мирчевски 1, А.Пешевски, Калајџиески 4.