Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Абутовиќ нема да настапи за Рајн Некар на дуелот во “Јане Сандански“
Абутовиќ нема да настапи за Рајн Некар на дуелот во “Јане Сандански“

Абутовиќ нема да настапи за Рајн Некар на дуелот во “Јане Сандански“

Вардар во следниот меч дома по гостувањето кај Веспрем, во дуел кој е прогласен “за меч на колото“ во ЛШ го пречекува германски Рајн Некар Левен. Во нивните редови од ова лето член е Илија Абутовиќ,  играчот кој со години беше незаменлив дел од тимот на Вардар.

Се очекуваше тој повторно да се врати во Скопје пред црвено-црната публика овој пат како гостин на 6-ти идниот месец, сепак специјалистот за одбрана нема да биде во комбинација за настап откако заработи незгодна повреда на последниот меч од ЛШ против Кјелце. Информациите велат дека следува од четири до шест недели пауза за српскиот интернационалец.

 

.