Веќе зад нас се две “епизоди“ од оваа нова сезона во елитната ЕХФ ЛШ, и по две кола во групата А момците на Парондо се на првото место со четири бодови. Овој викенд го играме следниот, трет меч во ЛШ на кој ќе гостуваме во Унгарија против гигантот Веспрем.
Европската ракометна федерација објави дека натпреварот од четвртото коло во ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу нашиот Вардар и германски Рајн Некар Левен е прогласен за меч на колото.
Дуелот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански” на 6. октомври со почеток од 17:30 часот