Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Во кадетското дерби гостувавме кај РК Шампион, при водство на момците на Будимир дуелот е прекинат и доделена ни е службена победа
Во кадетското дерби гостувавме кај РК Шампион, при  водство  на момците на Будимир дуелот е прекинат и доделена ни е службена победа

Во кадетското дерби гостувавме кај РК Шампион, при водство на момците на Будимир дуелот е прекинат и доделена ни е службена победа

Последен натпревар утре во регуларниот дел од сезоната  за пионерите на РК Вардар, кои го играат дербито со екипата на Шампион. Ова ќе биде дуел на лидерот Вардар, против второпласираниот тим на Шампион, овој дуел момците на Будимир ќе го играат утре во “Кале“ 18-30 часот. Интересно е  што истиве екипи своите сили  ги одмерија денес  и на стартот на пролетниот дел во кадетската лига. И тука младите надежи предводени од Андријана Будимир се наоѓаат на првата позиција, со максимален број на освоени бодови и тука  стартуваа како лидери ќе го стартуваат пролетниот дел.

По денешната средба во гости кај кадетите на РК Шампион момците на Будимир остануваат први на табелата и се огромен фаворит за пласман во завршницата и во оваа категорија. Овој натпревар имаше несекојдневен крај, односно службено го добивме. Се играше мечот се до 48.минута кога делегатот поради технички проблеми на домаќинот ( немањето доктор што е основен услов) го прекина и ја додели победата на црвено-црните. Треба да напомене дека ние во тие моменти имавме водство и сигурно газевме кон победа. Се играше еден цврст и тензичен дуел, домашната екипа играше на моменти грубо, сепак ние одигравме како што е својствено за нас на ниво и со препознатливата перфектност во сите сегменти, онака на што инсистира и нашиот кормилар Будимир.  Момците покажаа дека дефинитивно се одлично составен тим, со кој се има работено на правилен начин и сето тоа вродува со плод.

Мечот почна по еден гол на двете страни за почетни 1-1, потоа постојано имаше “резултатска клацкалка“ едниот тим поведуваше со еден гол, а другиот успеваше да изедначи се до 8-8. Тогаш со два гола ние се одлепивме на 8-10. Домаќинот на крајот од првиот дел со серија 4-1 го однесе дуелот на одмор со минимална преднот од 12-11.  Во вториот дел ние тргнавме да се вратиме во игра па изедначивме на 13-13, потоа на семафорот повторно имаше резултатска симетрија 15-15.  Нашите момци заиграа препознатливо и почнаа да “газат“ и полека да градат предност. Тие поведоа со два плус, 17-19. По овој момент делегатот одлучи поради горенаведената причина да го прекине дуелот и да додели службена победа 0-10 за вардаровите пионери кои играат во кадетска конкуренција. Останавме по лидери на табелата.

Кај нас Чакалиќ имаше 7 гола, Саврески 3, Калајџиски даде 2 погодока колку и Грујоски, по еден гол успеаа да впишат: Мишевски, Димитриевски, Жерновски и Дамчевски.