Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетското машко дерби во Автокоманда, му припадна на Рк Металург
Кадетското машко дерби во Автокоманда, му припадна на Рк Металург

Кадетското машко дерби во Автокоманда, му припадна на Рк Металург

Вчера во салата во Автокоманда се одигра машкото кадетско дерби, помеѓу екипите на Металург и Вардар јуниор. Победата му припадна на домаќинот, иако во поголем дел од натпреварот се играше израмнето. Конечниот резултат гласеше 24:17.

Металург ги постигна првите два гола, но Вардарци вратија со серија од три погодоци за водство од 2:3. Целото прво полувреме се играше неккао гол за гол на двете страни, ниту еден од тимовите не успеаа да направи поголема предност од еден гол. Сепак на полувреме Металург беше тој што замина со позитива од еден гол 9:8.

Во второто полувреме, за прв пат на мечот домаќинот прави серија од 3:0 за најголема предност во тие моменти од 13:9. Мора да напоменеме дека чудни судиски одлуки се случуваа во тие моменти. Многу одземени топки од страна на судиската двојка Андонов и Јовановски на штета на црвено-црните. Тоа како да им даде сила на сините од Автокоманда. Иако Вардарци се вратија резултатски во мечот, со намалување на негативата на 14:12. Следува уште една серија на погодоци од страна Металург, за водство од 17:12 кое беше клучно за нивниот триумф. Како одминуваше дуелот предноста растеше за во еден момент да достигне и девет голови. На крајот се заврши со конечни 24:17. Во нашите редови највеќе се истакнаа Тони Атанасовски со 5, Мартин Карапалевски и Александар Нанов кои постигнаа по 4 глови.

Вардар Јуниор: Брунчевиќ, Кизиќ, Каранфиловски, Николовски, Атанасовски 5, Тевдовски, Карапалевски 4, Антевски 1, Нанов 4, Биковски, Ќосевски 3, Благопетров, Ангелковски, Мајсторовски, Динев и Гроздановски.