Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Една победа и пораз за кадетките на Жрк Вардар во лигата
Една победа и пораз за кадетките на Жрк Вардар во лигата

Една победа и пораз за кадетките на Жрк Вардар во лигата

Двете кадетски екипи на Жрк Вардар, предводени од Анжела Платон вчера ги одиграа своите натпревари во рамките на 4 коло од кадетската лига. Беа остварени една победа и еден пораз во дуелите со противничките тимови.

Рк Вардар по голема борба со тимот на Кичео 10, на крајот загуби со тесен резултат од 21:24. Вардарки први го отворија резултатот на овој меч и поведоа, во наредните минути следеше првото израмнување а потоа и предност за гостинската екипа. Кичево некако ја презема контролата на играта и одржува позитива, не поголема од два разлика. Така на полувреме се заминува со минимално водство на противникот од 8:9.

Вториот дел започнува слично како и првиот со наш погодок за ново израмнување од 9:9. Во продолжение Кичево прави серија од три последователни голови за нова предност од 9:12. Избраничките на Платон не се предадоа, напротив со цврста игра во одбраната успеваат повторно да го израмнат резултатот на 15:15 во 44 минута од мечот. Клучниот момент за конечниот победник беше кога противникот направи нова серија од 0:3 за предност од 18:21 во последните седум минути. До крајот на натпреварот, умешно ја одржуваа оваа разлика, за на крајот да слават со конечни 21:24. Најефикасни во нашиот состав беа Диневска со 5 голови, Е. Ивановска и Цветковска додадоа по 4.

Вардар: Тутиќ, Ацевска , М.Ивановска , Цветковска 4, Таневска, Ристовска, И.Ивановска, Буцевска, Јакимовска 2, Е.Ивановска 4, Диневска  5, Нелоска 3, Танчева 3, Марковска  и Ристевска.

Вардар јуниор пак немаше поголеми проблеми во дуелот со својот противник, екипата на Вардар од Неготино. Добрата одбрана во првиот дел, кога примивме само три погодоци беше решавачка за текот на мечот. Ние поведовме со 7:0, а на полувреме имавме предност од 12:3. Вториот дел започна со наш гол, за прва двоцифрена предност од 13:3. Разликата во квалитете беше голема и очигледна во корист на Вардарки, па доминацијата на теренот од нивна страна не изостана ниту во еден момент. Предноста се повеќе растеше, како се ближеше крајот на овој дуел. Конечниот рзултат гласеше 28:10. Во нашиот состав највеќе се истакнаа Станишиќ и Дамовска кои постигнаа по 6 голови.

Вардар јуниор: Наумовска, Станишиќ 6, Милошевска 1, Ѓорчевска 3, Ѓоргиева 2, Дамовска 6, Буразер, Атанасова 1, Алексовска, Митровска 1, Трпевска 3, Ничовска, Ќириќ , Бабунска, Величковска 2 и Блажевска 3.