Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Вардар останува лидер, до крајот на полусезоната остануваат 6 меча, ова е распоредот за одот до есенската титула
(ФОТО) Вардар останува лидер, до крајот на полусезоната остануваат 6 меча, ова е распоредот за одот до есенската титула

(ФОТО) Вардар останува лидер, до крајот на полусезоната остануваат 6 меча, ова е распоредот за одот до есенската титула

Со вчерашната победа над скопскиот ривал ФК Металург на стадионот “Борис Трајковски“ со 0-1 вардарци останаа на лидерската позиција во првата лига. Црвено -црните се во “мртва трка “ со екипата од Тетово ФК Шкендија за врвот во македонскиот клубски фудбал. Ваква сезона во која два ривала доминираат целосно и имаат волкав бодовен учинок не се помни одамна во мак.фудбалот.

Само еден бод е разликата помеѓу двата црвено-црни клубски ривала. До крајот на оваа есенска етапа остануваат уште шест кола во кои избраниците на Гоце Седлоски ќе мора да имаат максимален ефект за да се закитат со “есенската круна“ пред почетокот на паузата во текот на зимскиот период. Вардарци во наредните шест меча трипати играат на домашен терен и исто толку пати нагости од кој еден меч се условно “гости“ на сопствениот терен во “гостувањето“ кај тимот на ФК Работнички. Распоредот од шесте дуели ќе може да го погледнете на фотографијата подолу. Прв меч кој не очекува е веќе во недела 8.ноември на Националната Арена Филип втори, ни гостува штипска Брегалница. Мечот е закажан со почеток во 13 часот и 30 минути.

ОСТАНАТИ МЕЧЕВИ ВО П.М.Ф.Л

ОСТАНАТИ МЕЧЕВИ ВО П.М.Ф.Л