Андреа Пенезиќ е вистински бисер во црвено-црниот тим, таа во мечот од третото коло со Митјиланд блескаше на теренот. Пенезиќ погоди 10 пати во противничката мрежа и со својата одлична партија ги водеше вардарки до оваа важна домашна победа во најсилната европска женска ракометна лига.
За разлика од мечот на домашен терен со Ѓер денес нашите девојки доминираа на паркетот во С.Ц. “Јане Сандански“ и издвојуваа голема победа со резултат 33:24. Двоцифрениот број на погодоци во дуелот со Митјиланд на Андреа и го донесе признанието една од “трите ѕвезди “ на изминатото трето коло во женскиот сегмент на Л.Ш. Видеото од ова признание на ЕХФ тв-изборот можете да го погледнете- ТУКА