Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Прекрасниот гол на Ромеро донесе победа за Вардар во мечот со Металург
(ВИДЕО) Прекрасниот гол на Ромеро донесе победа за Вардар во мечот со Металург

(ВИДЕО) Прекрасниот гол на Ромеро донесе победа за Вардар во мечот со Металург

Видео од минималната победа на црвено – црните во дуелот со последнопласираниот тим во македонската прва лига екипата на ФК Металург. Вардар овој дуел во гости го доби со минимални, но доволни за освојување на нови три бода 1-0. Мечот се одигра на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари.

Дуелот од 13.коло во првата македонска лига со прекрасен и ретковиден гол на македонските терени го реши мексиканецот Цезар Ромеро. Мексиканецот во 20.минута од дуелот со удар од над 25 метра успеа да го матира голманот на домашните Талевски. Со победата останавме на најпосакуваната позиција на табелата онаа лидерската на бод предност во однос на тетовска Шкендија. Седлоски на овој меч играше со следните играчи :  Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров, Блажевски /Љамчевски од  70.минута/, Асани /Петковски од 56 минута/, Глигоров, Хамбарџумјан, Ивановски, Ромеро /Велковски влезе во 90 минута од мечот/, Фелипе. Видеото од овој првенствен натпревар ќе може да го погледнете- ТУКА.