Женскиот ракометен шампион, екипата на Вардар на убедлив начин се врати на победите во најголемото ракометно напреварување. Избраничките на Питлик и Кастратовиќ не оставија ништо на случајноста и забележаа сигурна и висока победа против Дански Митјиланд. Нашите девојки имаа константна преднсот во текот на целиот меч, која на моменти достигнуваше 10 голови разлика. Противникот се обиде да се врати во игра, намалувајќи на 4 гола негатива, но тоа беше се што успеаа да стори. Вардарки во фуриозен финиш повторно го зададоа крајниот удар и триумфираа со виски 33:24. Еден од столбовите во нашата одбрана Андреа Кликовац за нашиот сајт ги сподели впечатоците од овој дуел.
-Навистина сум пресреќна бидејќи одигравме одличен натпревар. Задоволна сум од тоа како функциониравме во двата правци на игра. Одбраната функционираше перфектно, а мирниот и трпелив напад ни носеше вистински шанси за погодок. Ова е вистинскиот Вардар за кој сите зборуваат. Од натпреварот со Ѓер многу научивме и се надевам дека од сега ќе играме уште подобро. Денес функциониравме сите за една, една за сите, изјави Андреа Кликовац за нашиот сајт.
Звонко Ивановски