РК Вардар 1961 речиси го комплетираше играчкиот ростер за новата натпреварувачка сезона. Со официјализирањето на левиот бек Диало и десниот Моралес, останува отворено уште местото за среден бек, бидејќи Вардар во овој момент на таа позиција ги има Гаџа и младитe Карапалевски и Крстевски.
Еве како изгледа ростерот на РК Вардар 1961 за новата натпреварувачка сезона:
Голмани: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Али Сафар, Васил Гогов
Леви крила: Тимур Дибиров, Јан Чувара, Димитар Димитриоски
Десни крила: Гоце Георгиевски, Дарко Ѓукиќ, Ален Ќошевски
Пикери: Стојанче Стоилов, Патрик Валчак, Жереми Тото
Леви бекови: Бакари Диало, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Кудуз
Средни бекови: Анте Гаџа, Мартин Карапалевски, Стефан Крстевски
Десни бекови: Едуардо Гурбиндо, Јоел Куни Моралес, Томислав Јагуриновски, Давид Савревски
Кај стручниот штаб покрај Веселин Вујовиќ, Владо Недановски и Александар Рогановиќ, се очекува уште едно ново име.