Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од 11-14 август, Вардар ќе настапи на традиционалниот струшки турнир
Од 11-14 август, Вардар ќе настапи на традиционалниот струшки турнир

Од 11-14 август, Вардар ќе настапи на традиционалниот струшки турнир

Во периодот од 11-14.август ќе се одржи традиционалниот струшки ракометен турнир, на кој ќе настапи и нашиот Вардар. Организаторот на турнирот и официјално го потврди овој датум. Турнирот ќе биде добра можност за новиот тренер, Веселин Вујовиќ, да го вклопи и воигра тимот, со оглед дека има многу нови имиња.

За Вардар ова ќе биде прв турнир во подготвителниот период. Откако ќе поминат десет дена на Златибор каде ќе се одработи главниот дел од подготовките, вардарци ќе играат на традиционалниот турнир во Струга, на кој покрај Вардар ќе настапат уште и екипите на Металург, Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, како и уште две екипи, чии имиња треба да бидат познати во наредниов период.

Последен подготвителен турнир ќе биде „Хумел Купот“ во Магдебург, после кој ќе следат и 1/4 финалниот двомеч во СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб.