Нема многу одмор за Вардарци кои после елиминацијата на Кил и пласманот на Ф4, се вратија на настапите во Супер-лигата. Во текот на вчерашниот ден избраниците на Гонзалез славеа на гостувањето против Пелистер, додека утре ги очекува нов дуел против екипата на Пролет 62 кој се игра на теренот на противникот. Турнејата продолжува во петок, кога во Јане Сандански ќе го одиграме дербито со екипата на Металург. На својата официјилна страна, играчот на Вардар, Жоан Кањелас го прокоментира денот на работникот, најавувајќи што го очекува неговиот тим.
-По пласманот на Ф4 турнирот… три натпревари во една недела! Вчера започнавме со победа! Најдобар начин да се одбележи денот на “работникот“, напиша Кањелас.