Утре, 2.мај на Националната арена “Филип втори“, ФК Вардар ќе го пречека тимот на ФК Скопје во дуел од 32.коло во првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се игра со почеток во 16-00 часот, вардарци ќе се обидат да врзат по подолго време две победи по ред, по успехот во Кратово кога триумфиравме со 0-2 против Силекс.
Главен делител на правдата на овој дуел ќе биде Мустафи Фатон (Тетово). На него во арбитрирањето ќе му помагаат: Ѓорѓијевски Небојша (Брвеница) и Јовчевски Дарко (Тетово).