Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Коло со максимален број на освоени бодови, за вардаровите генерации во детската лига
Коло со максимален број на освоени бодови, за вардаровите генерации во детската лига

Коло со максимален број на освоени бодови, за вардаровите генерации во детската лига

Изминатиов викенд се одигра ново коло во пролетниот дел од детската фудбалска лига. Генерациите на ФК Вардар одиграа вкупно седум натпревари, на кои забележавме исто толку победи.

Својот натпревар од редовното коло не го одигра екипата на Вардар (2) од генер. “2005“ кој го доби служено дуелот со екипата на Албион, поради непристигнување на противничкиот тим. Два натпревари одигра генерацијата “2006“ која забележа исто толку победи. Вардар (1) го доби дербито со екипата на Шкупи (9:1), додека Вардар (2) беше подобар од Спорт Ефе со резултат 5:2. Успешно коло и за вардаровата генерација “2007“. Вардар (2) за противник ги имаше врсниците од Шкупи, кои ги надиграа со резултат 5:1, додека Вардар (3) кој се натпреварува во повозрасната генерација “2007“ стигна до десеттата победа, совладувајќи ја екипата на Скупи (7:0).

Еден меч одигра генерацијата на Вардар родени “2008“ година. Вардар (1) убедливо го порази тимот на Кул (1) со резултат од 10:1, додека Вардар (2) го доби службено дуелот со Албион. По еден натпревар во ова коло одиграа и најмладите генерации родени “2009“ и “2010“ година. Вардар (2) од генер. “2009“го победи тимот на Фортуна (4:3), додека Вардар (2) кај генер. “2010“ беше подобар од Грозданоски (3:1).