Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Патот на вардарки до Ф4 во Будимпешта

(ВИДЕО) Патот на вардарки до Ф4 во Будимпешта

Вардарки по петти последователен пат ќе играат на завршниот турнир во Будимпешта и ќе се обидат да стигнат до првата Европска титула. Оваа сезона во двете групни фази одигравме вкупно 12 натпревари, на кои забележавме единаесет победи и само еден пораз.

ЕХФ преку видео го прикажа патот на црвено-црните до Ф4 во Будимпешта. Ова е последна сезона за оваа генерација на ракометарки во Вардар, кои се надеваме дека ќе се опростат од клубот и навивачите со долго посакуваната титула од Лигата на Шампионите.