Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кањелас: Ги шокиравме сите со освојувањето на Лигата на Шампионите
Кањелас: Ги шокиравме сите со освојувањето на Лигата на Шампионите

Кањелас: Ги шокиравме сите со освојувањето на Лигата на Шампионите

Шпанскиот репрезентативец, Хуан Кањелас, моментално играч на Пик Сегед, успеа со тимот на Вардар во 2017 година да ја освои Европската титула, која беше за него прва во играчката кариера. Во својата втора сезона во црвено-црниот дрес, Кањелас успеа со Вардар да направи голем подвиг и да ја покорат Европа.

Во интервју за ЕХФ, Кањелас се потсети на можеби најубавиот момент во неговата кариера, освојуавњето на ЛШ со црвено-црните.

„Кога дојдов во Вардар, знаев дека ја направив вистинската одлука за да се фокусирам на ракометот. Никој не веруваше дека можеме да ја освоиме ЛШ. Ја елиминиравме Барселона во полуфиналето, а во финалето го победивме ПСЖ. Ги шокиравме сите, беше неверојатно. Јас бев „алхемичарот“, но сите во тимот дававме хемија на колективот“,