Ракометната репрезентација на Шпанија стигна до втората победа на меѓународниот турнир, кој е во нивна организација. Избраниците на Жорди Рибера успеаа да слават во дуелот со Аргентина, со резултат од 31:28.
Слично како и на првиот нивни меч, така и на овој Шпанија му дозволи на противникот цели 20 минути да има водство, а во последните десет минути успева да прави резултатски пресврт, предност која ја задржува до крајот на натпреварот. Аргентина во неколку наврати имаше предност од два гола разлика (4:6, 8:10), но сепак Шпанија со три последователни голови прави пресврт и поведува со 11:10. До истекот на првите 30 минути успеваат и да го зголемат водството, за резултат 15:13 на полувреме.
Аргинтина парираше само во првите пет минути од вториот дел, кога резултатот за последен пат на мечот беше израмнет на 17:17. Од тие моменти, Шпанија со серија од 4:1 зголемува на 21:18, за во следните минути да стигне и до највисоки пет голови разлика (25:20). Ова беше клучен период за конечниот победник, а противникот што успеа најмногу да стори е да намали на три гола разлика, за поставување на конечните 31:28.
Играчот на Вардар, Кањелас настапи за својата селекција и запиша три голови. На денешниот последен натпреварувачки ден на турнирот, Шпанија за противник ќе ја има Полска. Тоа ќе биде и последен подготвителен меч за Шпанија, во пресрет на ЕП кое стартува за пет дена.