Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед на есенскиот дел за младинките на Вардар, Марија Гоцевска е најефикасна ракометарка во овој состав
Преглед на есенскиот дел за младинките на Вардар, Марија Гоцевска е најефикасна ракометарка во овој состав

Преглед на есенскиот дел за младинките на Вардар, Марија Гоцевска е најефикасна ракометарка во овој состав

Младинките на Вардар го завршија есенкиот дел од сезоната на третото место. Младинската женска лига оваа сезона брои седум екипи, а Вардарки моментално се позиционирани на третата позиција. Избраничките на Анжела Платон одиграа седум натпревари, на кои забележаа четири победи и два порази. Загубивме во “сестринскиот“ дуел од екипата на Вардар, како и во дербито против Металург, кој е лидер во лигаата, иако тимот од Автокоманда настапува во состав идентичен како и на натпреварите во најсилната супер лига. Имаме и трета најдобра одбрана, додека во нападот постигнавме еднаков број на голови како и Вардар Јуниор, со кои го делиме второто место според овој статистички податок.

vardarfans-mladinki

Ова се сите постигнати резултати за младинскиот состав на Вардар, во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Вардар Јуниор 21:29

2 коло: Кичево - Вардар 27:34

3 коло: Вардар – Металург 22:38

4 коло: Ѓорче – Вардар 19:32

5 коло: слободни

6 коло: Вардар – Кузман Вардар Илинден 38:22

7 коло: Гевгелија – Вардар 10:40

Новото засилување кое пристигна на почетокот на сезоната, Марија Гоцевска од Делчево е убедливо најдобар стрелец во оваа екипа на црвено-црните.  Втора е Елена Ивановска, додека третото место е за уште ракометарка која пристигна од Делчево, се работи за Кети Ангеловска. Ова е листата на стрелци кај младинките на Вардар.

vardarfans-gocevska

1. Марија Гоцевска 44

2. Елена Ивановска 27

3. Кети Ангеловска 21

4. Анастасија Нелоска 15

5. Ивана Блажевска и Ива Цветковска по 12

6. Тамара Стојчевска и Јована Величковска по 11

7. Јована Софковска, Александра Коловска и Тамара Паланковска по 6

8. Клара Трајкова 5

9. Марија Танчева и Марија Костадиновска по 4

10. Дона Алушовска 3

ЖРК Вардар: Елена Бабунска, Викторија Сандева ( голмани), Елена Ивановска, Јована Софкоска, Марија Танчева, Анастасија Нелоска, Александра Коловска, Марија Дамовска, Јована Величковска, Тамара Паланковска, Тамара Стојчевска, Клара Трајкова, Ивана Блажевска, Ива Цветковска, Марија Костадиновска, Марија Гоцеска, Кети Ангеловска, Дона Алушовска.