Поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ по седум години си го напушти „јатото“ и премина во полскиот Келце. Во интервју за ЕХФ ТВ го опишува последниот домашен дуел во црвено-црниор тим:
Буди многу емоции во мене, беше незаборавно. Стоевме уште два часа по натпреварот со ПИК Сегед во салата, бидејќи фановите не сакаа да си одат. Невозможно е да се опише тоа чувство. Се чувствував многу убаво во Вардар и не сакав да си одам, но решив дека е време за нов предизивик, нови луѓе, во клуб кој е сличен на Вардар по начинот на функционирање и системот на игра.
По крајот на големото финале во Келн токму Игор Карачиќ беше прогласен за најдобар играч на завршниот турнир.
МВП наградата немаше да ми значи многу ако Вардар на крајот не ја освоеше титулата, тоа е круна на мојата кариера.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ!