Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во периодот од 20-26.септември ќе настапи на меѓународен пријателски турнир во Рига, Летонија.
За овој турнир, селекторот на Македонија, Горан Станковски повика шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот, Лука Стојковски, потоа Филип Ѓоргоски, Грегори Давков, Андреј Стојчевски, Абдула Хасани и Славче Живков.