Утре со почеток од 12:00 часот во прес конференциската сала на спортскиот центар Јане Сандански, РК Вардар ќе одржи прес-конференција по повод натпреварот од 2.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите.
Тренерот Писонеро и еден од ракометарите ќе ги искажат очекувањата за претстојниот меч против екипата на Порто, кој е закажан да се одигра во недела во Јане Сандански со почеток од 17:00 часот.