Игор Карачиќ е прогласен за МВП на завршниот турнир во Келн, на кој Вардар во големото финале ја победи екипата на Веспрем (27:24). Ова е втора Европска титула за Вардар и за Карачиќ, кој на најдобар можен начин се збогува со клубот.
Како што кажа претходно Стоилов, секој освоен трофеј оваа сезона прв ќе го подигрне Карачиќ, така беше и на завршната церемонија. Иако играше и повреден, тоа не беше пречка за повторно да излезе на терен и да игра до последна капка пот. Секоја чест, повторно лидер на тимот, заслужено е прогласен за МВП
Фала мајсторе за сите овие сезони, даде многу за Вардар, се надеваме дека еден ден пак ќе се вратиш во клубот во кој сигурно ги направи најголемите успеси.