Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ е на високото 4.место на најдобри асистенти на СП, со можност на крајот да заврши како прв
Карачиќ е на високото 4.место на најдобри асистенти на СП, со можност на крајот да заврши како прв

Карачиќ е на високото 4.место на најдобри асистенти на СП, со можност на крајот да заврши како прв

Игор Карачиќ е единствениот вардарец кој со својата репрезентација ги продолжи настапите на Светското првенство. Сепак Хрватска после два последователни порази, ќе остане без шансата да се бори за еден од медалите на мундијалот. Хрватите со максимални четири бодови влегоа во втората групна фаза, но поразите од Бразил и Германија ги остави без полуфинале.

Што се однесува до средниот бек на Вардар, тој игра одлично за Хрватска на овој мундијал и добива голема доверба од тренерот. Карачиќ се наоѓа на високото четврто место на најдобри асистенти на Светското првенство. Тој има вкупно 30 успешни асистенции, но до крајот на мундијалот има шанса да се најде и на првото место, по оваа статистика. Првото место засега му припаѓа на Кирил Лазаров кој има 38 асистенции, но Македонија ги заврши настапите на СП. Второто место пак е за Родриго Салинас од Чиле со 35 асистенции, додека трет е Житников од Русија со 33, кој исто така нема веќе мечеви на СП. Така Карачиќ останува во борба за првата позиција според бројот на успешни проигрувања до своите соиграчи.