Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Slider > Учинокот на Милосављев за Србија на СП
Учинокот на Милосављев за Србија на СП

Учинокот на Милосављев за Србија на СП

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев дебитираше на едно големо натпреварување со својата репрезентација. Србија не се прослави на Светското првенство, но популарниот “Банда„ покажа дека на него треба сериозно да се смета за наредните натпревари на Србија.

Милосављев беше изоставен на стартот од мундијалот, откако селекторот Ненад Перуничиќ се реши голманкиот тандем да го сочинуваат Цупара и Веркиќ. Сепак од третото коло, Перуничиќ се реши да го промени мислењето па до крајот на СП во составот беше вардаровиот голман. Може да се каже дека Милосављев имаше успешно деби на мундијалот во Германија и Данска, со оглед дека за него ова беше прво вакво искуство од големите натпреварувања.

Беше во составот на Србија на вкупно пет меча, на кои забележа вкупно 27 одбрани. Неговото најдобро издание беше по враќањето во составот, односно на дуелот со Бразил кога мечот го заврши со 10 одбрани. На дуелот со Кореја зад неговото име запиша вкупно 9 инервенции. На мечевите со Аргентина и Германија имаше по 3 одбрани, додека дуелот со Бахреин го заврши со две одбрани.