Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во сабота од 10-00ч. стартува Зимскиот турнир за ракометните надежи од генер.2010 и помали
Во сабота од 10-00ч. стартува Зимскиот турнир за ракометните надежи од генер.2010 и помали

Во сабота од 10-00ч. стартува Зимскиот турнир за ракометните надежи од генер.2010 и помали

Изминатата недела во Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра младинскиот ракометен турнир “Еден живот, една љубов„ по што ги дознавме победниците во  машка и женска конкуренција. На турнирот организиран од Академијата на Ракометниот клуб Вардар  во машкиот дел  играа генерација 2008/09, 2006/2007 и 2004/2005, а кај девојките се играше во една генерација,  родени 2006 и 2007 година.

Од истиот останува за одигрување уште дуелите кај најмладите учесници, ракометарите родени 2010 и помали. Тие екипи играат мини-ракомет, 4+1 и ќе играат во мешани тимови, момци и девојки. Турнирот ќе се оддржи во сабота, 26.јануари во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Турнирот ќе започне наутро во 10-00 часот и ќе трае се до 16-00 часот. Ќе продефилираат голем број на ракометни надежи кои се најмали во регионалните школи што се дел од Ракометната Академија на ракометниот клуб Вардар низ Македонија.

Распоредот за натпреварите дополнително ќе го објавиме во текот на оваа работна недела.