Игор Карачиќ ја игра својата седма сезона во Вардар дрес и до ден денес со успех го носи црвено-црниот дрес. Карачиќ потпишува на 19 вефруари 2012 година, тогаш со РК Вардар ПРО. Веселин Вујовиќ кој во таа сезона беше на кормилото на црвено-црните решава да го донесе овој млад играч од екипата на Босна кој во тој момент е анонимен за Вардар и Македонската ракометна јавност.
Следниот меч во Лигата на Шампионите против Брест Мешков може да биде “јубилејен„ за Карачиќ кој го брка својот 300-стоти гол во дресот на Вардар. Со двата постигнати во саботата против Барса, средниот бек на црвено-црните стигна до бројката од 299 голови за Вардар во Лигата на Шампионите, па така му недостасува само уште еден за да ја надмине бројката од 300 погодоци.