Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Втора победа во низа, “падна” и Пелистер
Втора победа во низа, “падна” и Пелистер

Втора победа во низа, “падна” и Пелистер

Кошаркарите на Вардар ја запишаа втората победа сезонава и тоа втора во серија против два директни конкуренти за избегнување на последните позиции и ранг пониско. Вардарци вчера на Кале одиграа супер борбен натпревар и триумфираа над Пелистер со резултат 65-63.

Провел со 23 и Радош со 12 поени се истакнаа во редовите на Вардар, а Белер со 24 поени беше најефикасен кај пелистерци.

kk

Вардар сега е на скор од две победи и четири порази и се наоѓа на одличното за нив, осмо место. Во следното коло, Вардар игра одново дома, овој пат против Гостивар.