Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ одличен во триумфот против Јапонија, Хрватска се загреваше за утрешниот дуел со Македонија
Карачиќ одличен во триумфот против Јапонија, Хрватска се загреваше за утрешниот дуел со Македонија

Карачиќ одличен во триумфот против Јапонија, Хрватска се загреваше за утрешниот дуел со Македонија

Хрватска ракометна репрезентација за која настапува Карачиќ стигна до вториот триумф на СП, откако попладнево ја совладаа селекцијата на Јапонија.

Избраниците на Червар во целост ја оправдаа фаворитската улога на овој дуел и со половина од силите убедливо ја победија Јапонија. По првите 10 минути беше јасно во кој правец ќе оди натпреварот, откако Хрватска стигна до предност од 7:1. Јапонците не дозволија предвреме да биде решен победникот, заиграа подобро, посконцентрирано, па тоа донесе и преполување на негативата во 17 минута, кога резултатот на семафорот гласеше 9:6. Сепак Хрватска беше пресилна за да дозволи резултатска неизвесност, па со третиот гол од исто толку обиди на Степанчиќ стигнаа до водство од 11:6. На голот Шего беше одличен и по првиот дел имаше 9 успешни интервенции, а Хрватска на одмор замина со предност од 18:13.

Лука Циндриќ одмараше за утрешниот меч против Македонија, а Червар им даде шанса за настап на сите ракометари. Во вториот дел на голот беше Стевановиќ кој мечот го заврши со 12 одбрани. По 10 минути игра во вториот дел, Хрватска стигна и до двоцифрена предност, кога имаше водство од 24:14. Се чуваа силите за следниот дуел, беше само прашање со колкава разлика ќе го добијат овој дуел. На крајот триумф со резултат 35:27.

Игор Карачиќ одигра одличен меч и успеа да постигне четири голови. Утре со почеток од 18:00 часот се среќаваат селекциите на Македонија и Хрватска.