Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Величковски повторно со дабл-дабл ефект, Вардар совладан и од Охсиген Оринџ
Величковски повторно со дабл-дабл ефект, Вардар совладан и од Охсиген Оринџ

Величковски повторно со дабл-дабл ефект, Вардар совладан и од Охсиген Оринџ

Кошаркарскиот тим Вардар гененерација 2006 во рамки на кошаркарската “Европската младинска лига“ во Италија вчера го одигра четвртиот натпревар. На овој дуел противник ни беше тимот на Охсиген Оринџ кој не совлада со резултат 74-40 на оваа средба.

Првата четвртина ја завршивме со десет поена негатива (11 – 21), во втората покажавме квалитет и одигравме рамноправно со противникот ( 14 – 14). Во третата дојде до пад и истата ривалот ја доби со убедливи  4 – 22, па на крајот се задоволивме со пораз со резултат 74-40. Кај нас повторно “дабл-дабал“ ефект имаше Бојан Величкоски кој натпреварот го заврши со постигнати 18 поени, тој имаше и 12.скока (5 офанзивни и 7 дефанзиви).