Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Јубилеј„ за Игор Карачиќ, кој ја надмина бројката од 300 голови за Вардар во Лигата на Шампионите
“Јубилеј„ за Игор Карачиќ, кој ја надмина бројката од 300 голови за Вардар во Лигата на Шампионите

“Јубилеј„ за Игор Карачиќ, кој ја надмина бројката од 300 голови за Вардар во Лигата на Шампионите

Седмата сезона во црвено-црниот дрес, Игор Карачиќ ја круниса со “јубилеј“. Средниот бек на Вардар успеа да ја надмине бројката од 300 голови за екипата во Лигата на Шампионите. На дуелот со Брест Мешков, Карачиќ постигна четири голови, со што стигна до бројката од 303 гола во најголемото натпреварување.

Карачиќ има важечки договор со Вардар до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Можеби во наредниот период ќе биде познато дали ќе остане во клубот, каде ги постигна најголемите успеси.