Младинците на Вардар Јуниор со победа се враќаат од гостувањето во Велес, откако вечерва славеа во дуелот со екипата на ГРК Борец. На натпревар со многу погодоци, избраниците на Манаасков и Петрушевски ја однесоа победа, со резултат 32:37.
Мора да се напомене дека во текот на целиот меч имавме постојана предност, која ниту во еден момент не беше загрозена. Тргнавме фуриозно во мечот кога поведовме со 0:4, за првиот гол домашниот тим да го постигне по шест минути игра за намалување на резултатот. На секој гол на Борец, црвено-црните враќаа со два погодоци, што значеше и константно зголемување на водството. Во еден момент, противникот се доближи на три гола негатива (5:8), но Вардар Јуниор со серија од 1:3 стигна до пет голови разлика (6:11). До крајот на првото полувреме имавме постојана предност која се движеше од 5-6 голови, а во последната минута од првото полувреме успеавме да стигнеме и до највисоки седум голови позитива и на одмор да заминеме со убедлива предност од 12:19.
Во второто полувреме во неклку наврати имавме и осум голови предност, додека домашниот тим најмногу што успеа да стори е да ја намали негативата на пет голови. Избраниците на Манасков имаа целосна контрола на резултатот и континуирана предност од 5-8 голови разлика. На крајот заслужена победа за младинците на Вардар Јуниор, изразена со резултат 32:37.
Ова беше четврта победа за младинците на Вардар Јуниор, во рамките на групата 2 од младинската лига, во која имаме уште два порази. За црвено-црните останува да се доигра уште одложениот меч од 6.коло против екипата на Бутел.
Вардар Јуниор: Јанковски 2, Кукуловски 4, Нанов, Јакимовски 4, Постолов 1, Карапалевски 1, Кизиќ, Т.Атанасовски 4, Ќосевски 5, Анѓелковски 2, Крстевски 3, Трајковски, Анѓеловски, Ѓорѓиев 3, С.Атанасовски 5, Цветановски 3.